Управување со купони на Vendor

 

Купоните се моќен маркетинг алат кој администраторите на платформата можат да го користат за промоции, попусти и поттикнување на продажбата.


Функцијата за управување со купони во Vendor платформата е дизајнирана за лесно и ефикасно ракување со промотивните понуди. 


Администраторите можат да создадат купони со различни карактеристики процентуални попусти, што дава  можност за промоција. Купоните можат да бидат поставени со одредени ограничувања, како што се период на важност, минимален износ за користење.


Со оваа функционалност, администраторите можат да креираат уникатни купонски кодови кои клиентите ќе ги внесуваат при завршување на нарачката, и да ги применуваат според актуелните промоции или кампањи. Истовремено, купоните лесно можат да се уредуваат доколку се потребни измени во условите, или да се избришат кога не се повеќе релевантни.


Оваа алатка е клучна за оптимизирање на маркетинг активностите и зголемување на ангажманот на клиентите, преку креирање на атрактивни понуди кои ќе ги привлекуваат нови купувачи и ќе ја наградуваат лојалноста на постоечките.

Дали ова ти помогна?

Одлично!

Ти благодариме за твојот фидбек.

Жал ни е што не ти помогнавме

Ти благодариме за твојот фидбек.

Како може да ја подобриме оваа инструкција?

Select at least one of the reasons
CAPTCHA verification is required.

Фидбекот е испратен

Ти благодариме за твојот ефорт и ќе се потрудиме да го подобриме овој артикл.