Во Vendor, администратотирте имаат пристап до моќен систем за управување со мени, хедер и футер, кој ви овозмошува целосна контрола.Овие компоненти се клучни во обликување на вашиот сајт.Овие делови на сајтот се клучни за навигацијата и корисничкото искуство, па затоа е важно да ги конфигурирате согласно вашите потреби. Процесот е сличен за сите три елементи, а единствено што се менува е параметарот што сакате да го измените.
Мени
Менито во Vendor е важен дел од навигацијата на вашата продавница. Тие треба да бидат јасно поставени, со логични категории кои ги водат посетителите до саканите производи и информации. Конфигурирањето на менито е многу едноставно. Во процесот, може да изберете кои ќе бидат боите на позадината на главното мени и подменито, како и боите на линковите. Исто така, можете да поставите различни фонтова и дебелини за главните линкови, што ќе создаде единствен изглед на менито. Ако вашата продавница има подмену, можете да ја поставите бојата на позадината, бојата на линковите и фонтот за подменито.
Хедер
Хедерот е една од најважните компоненти на вашата веб-страница, бидејќи го дефинира горниот дел од страницата. Овде ќе го поставите логото на вашата продавница, пребарувачот и сите икони кои имаат функционалности, како што се кошничката за нарачки или пријавување/регистрирање на корисник. Во Vendor, можете да изберете различни опции за изгледот на хедерот, како што се поставување на логото од левата страна или во центарот, како и избор на стил на копчето за пребарување. Изборот на боја за позадината, текстот и иконите ќе го обликува целокупниот визуелен изглед на вашата продавница. Важно е да се обезбеди контраст и читливост, особено кога се работи за текстови и линкови.
Фотер
Футерот е на крајот на страницата, има многу важна улога во структурирањето на содржината на вашата продавница. Тука често се наоѓаат линкови до важни страници како „Контакт“, „Услови за користење“, „Политика на приватност“ и други информации кои не мора да се наоѓаат на главното мени. Vendor ви овозможува лесно да го конфигурирате футерот со избор на бојата на позадината, бојата на текстовите и иконите, како и бојата на линковите и насловите во футерот. Како и кај хедерот, овде треба да се внимава на балансот на боите и читливоста на информациите.
Дали ова ти помогна?
Одлично!
Ти благодариме за твојот фидбек.
Жал ни е што не ти помогнавме
Ти благодариме за твојот фидбек.
Фидбекот е испратен
Ти благодариме за твојот ефорт и ќе се потрудиме да го подобриме овој артикл.