Како да креираш програма за лојалност за твоите клиенти

 

Програмата за лојалност е одличен начин да ги наградиш твоите најверни клиенти. Таа не само што ќе ги задржи постоечките клиенти, туку ќе ги охрабри и новите да се придружат. Во продолжение е претставено упатството за креирање ефективна програма за лојалност.



  1. Дефинирајте го целниот пазар 

Првиот чекор во создавањето на успешна програма за лојалност е да дефинирате на кого точно ќе биде насочена. 

Типови програми за лојалност:

  1. Програмите кои наградуваат клиенти врз основа на нивната потрошувачка (например, 1 поен за секој потрошен долар).

  2. Клиентите добиваат награда по извесен број на купувања.

  3. Наградувај ги клиентите кои ги препорачуваат вашите производи на други луѓе.


  1. Одредете награди и бенефити

Наградите и бенефитите кои ќе ги понудите треба да бидат симболични, но вредни за вашите клиенти. Изберете награди кои се релевантни за вашиот бизнис и кои ќе ги мотивираат клиентите да се вклучат во програмата за лојалност.

Примери на награди:

  1. Попусти: Понудете попуст на следната нарачка кога клиентот ќе достигне одреден број на поени или ќе купи одредена количина на производи.

  2. Ексклузивни понуди: Понудете промоции кои се достапни само за членовите на програмата.

  3. Подароци: Бесплатни производи, примероци или услуги кои клиентите можат да ги добијат како дел од програмата.


  1. Креирајте едноставен и јасен процес

Процесот на учество во програмата за лојалност треба да биде едноставен и јасен. Клиентите не треба да поминуваат преку многу комплицирани чекори за да се приклучат или да добијат награди.

Примери на едноставни процеси:

  1. Лесно учество: Клиентите можат да се регистрираат преку вашата веб-страница со минимален број на информации.

  2. Доделување поени по секоја успешна продажба.

  3. Јасни инструкции: Комуницирајте  јасно како можат да го искористат нивниот бонус или награда, како и какви услови треба да исполнат.


  1. Персонализирајте ја понудата

Персонализацијата е клучна за успехот на програмата за лојалност. Ако знаете што најмногу ги интересира вашите клиенти, ќе можете да им понудите награди кои ќе ја зголемат веројатноста дека ќе се вратат и повторно ќе купат.

Примери на персонализирани понуди:

  1. Персонализирани попусти: Понуди попуст на нивниот омилен производ или категорија производи.

  2. Подароци: Понуди бесплатно нешто за нови клиенти, како некој мал знак на внимание, мал подарок од листата на вашите производи.


  1. Промовирајте ја програмата за лојалност

Да создадете програма за лојалност е само половина од процесот. Потребно е да ја промовирате со цел да ги привлечете новите клиенти и да ги мотивирате постоечките да учествуваат.

Методи за промоција:

  1. Email маркетинг: Испратете информација за програмата до вашите постоечки клиенти преку email.

  2. Социјални мрежи: Промовирајте ја програмата на вашите профили на Facebook, Instagram и други платформи.

  3. Ин-Store маркетинг: Ако имате физичка продавница, користете плакати, флаери и промоции за да ги информирате клиентите за програмата.

  4. Промотивни видеа: Креирајте кратки видеа кои ја објаснуваат програмата и како можат да учествуваат.


  1. Наградување за препораки

Програмата за лојалност може да биде уште повпечатлива ако вклучите награди за препораки. Клиентите можат да се поттикнат да ги споделат своите искуства и да донесат нови членови во програмата преку награди за препораки.


  1. Следење и анализирање на резултатите

Како и со секој друг бизнис процес, важно е да следите како програмата за лојалност функционира. Анализирајте ги резултатите и извршете потребни корекции доколку е потребно.

Метрики за следење:

  1. Стапка на учество: Колку клиенти се приклучиле на програмата.

  2. Ангажман: Колку често клиентите користат поени или награди.

  3. Продажби: Дали има зголемување на продажбите кај клиентите кои учествуваат во програмата.

Дали ова ти помогна?

Одлично!

Ти благодариме за твојот фидбек.

Жал ни е што не ти помогнавме

Ти благодариме за твојот фидбек.

Како може да ја подобриме оваа инструкција?

Select at least one of the reasons
CAPTCHA verification is required.

Фидбекот е испратен

Ти благодариме за твојот ефорт и ќе се потрудиме да го подобриме овој артикл.