Како да додадеш, менуваш и бришеш производи

 

Управувањето со производите е една од најзначајните активности за успешна работа на вашата е-продавница. Со Vendor платформата, додавањето, менувањето или бришењето производи е едноставно и овозможува прецизна организација и ажурирање на вашата понуда. Во продолжение, ќе ги разгледаме чекорите за додавање на производите.



Додавање нов производ

За да додадете нов производ, следете ги овие чекори

  1. Во главното мени, одете во Продавница и изберете Производи.

  2. Кликнете на копчето Нов производ, кое се наоѓа на горниот дел од страницата.


  1. Пополнување основни податоци

    1. Внесете Наслов за производот.

    2. Изберете Тип на производ:

      1. Едноставен производ - производ со фиксна цена и карактеристики.

      2. Варијабилен производ - производ со повеќе опции (на пример, различни големини или бои).

    3. Внесете Основна цена и опционално Цена со попуст.

    4. Изберете го соодветниот Данок

    5. Наведете го Брендот на производот.

    6. Поставете Мерка и Количина на мерка (на пример, 1 литар, 500 грама итн.).


  2. Поставување залиха и достава:

    1. Доделете Шифра и Баркод на производот.

    2. Изберете го Статусот на залихата:

      1. На залиха

      2. Нема залиха

    3. Наведете дали достава е бесплатна или не.

    4. Дефинирајте ги спецификациите на пакувањето:

      1. Тежина, Висина, Должина и Ширина .


  1. Додавање на слики во галеријата

    1. Откако ќе пополните основни податоци и податоци за достава, одете на табот Галерија.

    2. Додадете слики на производот со висок квалитет за подобра презентација.


  1. Опис и спецификации

    1. Одете на табот Опис и внесете детален опис за производот.

    2. Додајте Спецификации како што се технички карактеристики, материјали, инструкции за употреба и сл.


  1. Поврзани производи

    1. Препорачувајте слични производи во табот Поврзани производи:

      1. Слични производи - производи со слични карактеристики.

      2. Комплементарни производи - производи што можат да се користат заедно со тековниот производ.

      3. Вкрстени производи - производи што се спротивни, но можат да бидат интересни за купувачите.


  1. Категорија и верификација:

    1. Изберете која категорија ќе му припаѓа производот.

    2. Дефинирајте дали производот ќе биде верификуван.


  1. Зачувување

    1. Откако ќе ги внесете сите податоци, кликнете на Зачувај.


  1. Уредување на производ

За да уредите постоечки производ

  1. Најдете го производот во списокот и кликнете на копчето Измени.

  2. Ќе се отвори формата со веќе внесените податоци, каде можете:

    1. Да промените наслов, категорија, цени, залиха и опис.

    2. Да додадете или отстраните слики од галеријата.

    3. Да промените поврзани производи или спецификации.

  3. Зачувајте ги промените со кликнување на Зачувај.


  1. Бришење на производ

За да избришете производ

  1. Одете во списокот на производи.

  2. Кликнете на копчето Избриши во колоната за акции.

  3. Потврдете ја акцијата во појавениот дијалог прозорец.

Дали ова ти помогна?

Одлично!

Ти благодариме за твојот фидбек.

Жал ни е што не ти помогнавме

Ти благодариме за твојот фидбек.

Како може да ја подобриме оваа инструкција?

Select at least one of the reasons
CAPTCHA verification is required.

Фидбекот е испратен

Ти благодариме за твојот ефорт и ќе се потрудиме да го подобриме овој артикл.