Како да додадеш, менуваш и бришеш категории на производи

 

Во ова упатство ќе научите како да додадете, менувате и бришете категории на производи, што е од големо значење за ефективното управување со вашата онлајн продавница.

  1. Додавање на нова категорија

Чекори:

  1. Одете во делот Категории на производи во административниот панел.

  2. Кликнете на копчето „Додади нова категорија“.

  3. Пополнете ги полињата:

    1. Наслов: Внесете име на категоријата (на пример, „Shirts“).

    2. Slug: Внесете или оставете го автоматски генерираниот slug (на пример, /shirts).

    3. Родител категорија: Изберете дали категоријата е главна или подкатегорија.

    4. Краток опис: Опишете ја категоријата (на пример, „Широка понуда на кошули за секојдневна употреба“).

    5. Слика: Додадете слика што ќе ја претставува категоријата.

    6. Насловна слика: (опционално) Додадете поголема банер.

  4. Кликнете „Креирај категорија “.


  1.  Менување на постоечка категорија

    1. Под колоната „Акции“, пронајдете ја опцијата „Измени“ .

    2. Кликнете на копчето за да се отвори формата за уредување на категоријата.

    3. Ажурирајте ги полињата во формата

      1. Наслов: Променете го името на категоријата.

      2. Slug: Ажурирајте ја URL патеката ако е потребно.

      3. Родител категорија: Дефинирајте ја како подкатегорија или оставете ја како главна.

      4. Краток опис: Внесете или изменете го описот.

      5. Слика: Заменете ја постоечката слика со нова.

      6. Насловна слика: Додадете нова банер слика или изменете ја.

      7. Visible: Одберете дали категоријата е видлива за корисниците.

      8. Order: Променете го редоследот за прикажување.

    4. Зачувајте ги промените

      1. Кога ќе завршите со ажурирањето, кликнете на копчето „Зачувај“ .


  1. Бришење на категорија

Пример: Избришете ја категоријата „Dresses“.

Чекори:

  1. Во листата на категории, пронајдете ја категоријата што сакате да ја избришете.

    1. Пример: ID #3 – Dresses

  2. Кликнете на „Избриши“ под колоната „Акции“.

  3. Потврдете го бришењето.

Дали ова ти помогна?

Одлично!

Ти благодариме за твојот фидбек.

Жал ни е што не ти помогнавме

Ти благодариме за твојот фидбек.

Како може да ја подобриме оваа инструкција?

Select at least one of the reasons
CAPTCHA verification is required.

Фидбекот е испратен

Ти благодариме за твојот ефорт и ќе се потрудиме да го подобриме овој артикл.